Тимот на Сур Арау, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски, ја оствари првата победа во швајцарскиот шампионат.
Арау по поразот од Цирих на домашен терен, славеше на гости кај Стафа со 33-30, иако на паузата имаше негатива од еден гол, 15-14.
Поповски беше меѓу најдобрите на теренот, втор стрелец во победничкиот тим и постигна пет гола од шест обиди.
Ова беше прв триумф за Арау во два меча, а во третото коло тимот на Македонецот ќе игра на гости кај Кадетен Шафхаузен.