Тимот на „витамините“ од Автокоманда славеше на гостувањето кај Кичево со убедливи 18 гола разлика, 39-21.
Предводен од кадетскиот репрезентативец Бобан Поповски, тимот на Миле Бокчаровски уште по првиот дел ја најави победа.
Поповски запиша девет погодоци, а по пет постигнаа Стефан Ѓорѓиевски и Матеј Тевдовски имаа по пет реализации.
Во составот на Кичево се истакнаа Стефан Стефаноски со шест и Никола Стрезоски со пет голови во противничката мрежа.
Во следното коло Кичево ќе игра дома со Младост Богданци, додека „витамините“ се домаќини на Преспа.