Поповски дебитираше за новиот клуб – на меч против поранешниот!

Македонскиот интернационалец Мартин Поповски го имаше своето деби за новата екипа во Швајцарија.

По финансиската криза во Цирих, Поповски се пресели во Сур Арау, и ждрепката сакаше уште во првото коло да игра против екс клубот.

Дебито беше со пораз, бидејќи Цирих иако ослабен славеше со 33-26, но Поповски не ги промени навиките.

Тој беше меѓу најдобрите стрелци во домашната екипа и успеа да постигне четири гола од пет обиди во мрежата на поранешниот клуб.