Тимот на Цирих, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски, загуби кај Берн со 27-24.
Во натпревар од седмото коло на швајцарскиот шампионат, Цирих имаше реми на полувреме, 12-12, но попушти во вториот дел.
Македонското десно крило беше стрелец на пет гола од пет обиди, но немаше голема поддршка од своите соиграчи.
Цирих сега е на третото место на табелата, а на следниот натпревар игра со последниот Кројцлинген, па ќе има шанса да се врати на победите.