Женската сениорска репрезентација на Црна Гора од денеска има нова предводничка – поранешната репрезентативка Сузана Лазовиќ.
Тренерот на унгарскиот тим Алба Фехервар е седмото име што ќе седи на клупата на Црна Гора по независноста.
Бојана Поповиќ замина по неуспешните квалификации за Олимписките игри, а Лазовиќ се враќа во црногорскиот ракомет, откако ја водеше младинската репрезентација на Кина на Мундијалот во Македонија.
Некогашната репрезентативка на Црна Гора со националниот тим освои сребро на ОИ и злато на ЕП 2012 година.