Ракометниот гигант ЧСМ Букурешт постигна договор со поранешната црногорска ѕвезда Бојана Поповиќ, која од јануари ќе ја преземе женската екипа. Клубот се раздели со Адријан Василе на почетокот на ноември поради слаби резултати во Лигата на шампионите, а Јулија Куреа го водеше тимот како привремено решение до крајот на годината.
Поповиќ, своевремено една од најдобрите ракометарки, има шест титули во Лигата на шампионите и сребро од ОИ Лондон 2012. Таа до септември го водеше Будуќност, а од 2021 до 2024 беше селектор на Црна Гора. На СП 2025 ќе биде дел од стручниот штаб на Данска како помошник на Хеле Томсен.
ЧСМ Букурешт исто така работи и на евентуален голем камбек – клупските челници и Поповиќ се обидуваат да ја убедат Кристина Неагу да се приклучи на управата. Легендата на романскиот ракомет се пензионираше ова лето, а клубот го повлече нејзиниот дрес со број 8.
Романскиот првак има турбулентна сезона и смени четири тренери во шест месеци. По заминувањето на Хеле Томсен и смената на Адријан Василе, Поповиќ ќе биде четврта предводнички што ќе ја води екипата, која и покрај турбуленциите има максимален учинок во романското првенство и е петта во групата на ЛШ со 8 бода.

























