Селекторот на женската сениорска репрезентација на Полска, Арне Сенстад, го објави списокот на ракометарки за Европското првенство во Унгарија, Швајцарија и Австрија.
Полскиот селектор за континенталниот собир ќе смета на 18 ракометарки, меѓу нив се и искусните – Моника Кобилинска, Адријана Горна и Александра Росијак.
Полска на Европското првенство во групната фаза ќе игра против репрезентациите на Франција, Шпанија и Португалија.
Сенстад ќе треба да направи добра тактика, особено за натпреварите против Шпанија и Португалија, бидејќи Франција е голем фаворит во групата Ц.
Избраничките на Сенстад токму против Франција ќе го одиграат првиот натпревар на континенталниот собир.