Женската репрезентација на Полска во иднина ќе ја има легендарната норвешка ракометарка Хајди Локе во стручниот штаб.
Локе ќе му биде асистент на Арне Сенстад, нејзиниот сонародник, кој веќе пет години е на клупата на Полска.
Норвежанката освои многу медали на големите натпреварувања со националниот тим, а сега ќе се обиде да и помогне на Полска да обезбеди место на СП.
„Среќна сум поради оваа можност. Имав шанса да работам минатата година на една недела со репрезентативките на Полска и беше одлично да се биде дел од тимот. Едвај го чекам новиот предизвик и да работам со девојките и целиот стручен штаб“, изјави Локе.
Полска е ривал на Македонија во баражот за СП 2025 во Германија и Холандија. Првата средба е на програмата на 9 април од 20:30 часот во Кошалин, додека реваншот е на 12 април од 19:00 часот во Битола.