Репрезентацијата на Полска е освојувач на Президент Купот, откако славеше против САД со 24-22 по изведувањето на удари од седум метри. Иако Американците имаа предност од 13-11 по првиот дел, сепак Полјаците се вратија во игра во второто полувреме и на крајот да запиша четврта победа на СП што беше доволно само за 25 место.
Во битката за 27 место, селекцијата на Кувајт беше подобра од Јапонија со 37-32, додека 29 место на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка, го освои селекцијата на Бахреин, која го победи Алжир со 29-26.
Дебитантот на Светското првенство 2025, репрезентацијата на Гвинеја, во последниот. натпревар успеа да дојде до посакуваната цел и со победа го заврши настапот на Мундијалот.
Гвинеја во натпревар за 31. позиција, односно за избегнување на последното место, ја совлада Куба со 33:31 по изведувањето на пенали, а по 60 минути игра резултатот беше нерешен 28:28 (16:16). Еден од подобрите на теренот беше членот на Вардар, Хансер Родригез, кој постигна десет погодоци за Куба, но на крајот беше „трагичар“, го промаши првиот седмерец во пенал рулетот.
Африканската селекција беше еден од ривалите на Македонија во групната фаза, освен од нашата репрезентација, убедливо беше поразена и од Унгарија и Холандија.