Полска, Франција, Норвешка и Романија со трофеи се загреаја за Мундијалот

Селекциите на Полска, Франција, Норвешка и Романија со трофеи се загреаја за Мундијалот што стартува во среда во Германија и Холандија.

Полска ја совлада Хрватска, а ремизираше со Сенегел на „Кроација Куп“, додека „Трофеј Карпати“ го освои домаќинот Романија – селекција што без Неагу ја почнува новата ера и славеше убедливи победи над Австрија, Чешка и Португалија.

Французинките исто така на домашен терен ги победија Јапонија и Ангола како загревање за СП и во походот кон одбрана на титулата, додека светскиот вицепрвак Норвешка на домашен терен немаше никакви проблеми против Шпанија, Србија и Унгарија.

Домаќините Германија и Холандија исто така имаа успешни проверки, додека Црна Гора патува на Мундијалот со пораз од Словенија.

Пријателски натпревари, резултати:

Црна Гора – Словенија 22-25
Швајцарија – Германија 17-35
Норвешка – Шпанија 41-19
Унгарија – Србија 29-25
Данска – Шведска 35-23
Чешка – Австрија 29-29
Романија – Португалија 40-28
Хрватска – Сенегал 27-29
Франција – Ангола 26-22
Фарски Острови – Исланд 25-28
Австрија – Португалија 19-33
Романија – Чешка 37-30
Шведска – Данска 35-36
Германија – Швајцарија 35-32
Србија – Шпанија 27-29
Норвешка – Унгарија 33-27
Полска – Сенегал 27-27
Ангола – Јапонија 28-29
Холандија – Бразил 36-26
Унгарија – Шпанија 37-28
Чешка – Португалија 29-41
Романија – Австрија 37-28
Норвешка – Србија 38-19
Хрватска – Полска 22-27
Франција – Јапонија 36-22