Хрватска се пласираше во главната фаза од Европското првенство откако ја совлада Холандија со 35-29. Во Малме во директен дуел се избираше патник за главната фаза. Натпреварот помина во изедначено темпо кое се одрази на резултатот, двете екипи се менуваа во водство, а први до поопиплива предност дојдоа „коцкестите“ во 20.минута од првиот дел, со голот на Циндриќ, кога направија „плус три“, за 11-8.

Холанѓаните на двапати се заканија и успеаа да дојдат на минимална разлика, но Хрватска благодарение на добрата одбрана на избраниците на Дагур Сигурсон им дозволуваше преку лесни голови да го контролираат резултатот и минималната предност која на полувреме изнесуваше 15-13 за Хрватите.
Второто полувреме продолжи во исто темпо Хрватите имаа иницијатива, но Холандија постојано ги следеше во чекор и го правеше натпреварот неизвесен и интересен. Во 41 минута Холандија имаше контранапад за преземање на водството, но стативата ги спаси Хрватите. Во продолжение Хрватска повторно ги врати двата погодока разлика, но ниту Холандија не се предаваше. Во последните 10 минтути од натпреварот Хрватска влезе со три голови на залиха, ги зголеми на пет со нов погодок на Циндриќ за 30-25. Кога веќе се беше познато, во Малме се чекаше конечниот резултат од 35-29, да започне хрватското славје. До крајот на групата фаза Хрватска ќе игра со домаќинот Шведска за првото место во групата.
Последното коло од Хернинг требаше да биде потврда на добрата игра на Србија и билет за главна фаза. Но Србија по сензационалната победа над Германија, имаше сериозен предизвик да ја совлада Австрија во група А и комплетно потфрли. Србите имаа негатива во поголемиот дел од првото полувреме кое упеаа да го свртат во своја полза дури во финишот (13-11, 29 минута). Првиот дел заврши со минимална предност од 13-12 за Србија.

Во второто полувреме Австрија веднаш го изедначи резултатот, а потоа и го презема водството на овој дуел. Разликата од два гола која ја одржува Австријците во текот на второто полувреме, дојде и до плус три во 54 минута. Во финишот кој значеше многу за двете екипи бидејќи гол разликата го менуваше патникот за следната фаза. Во супер интересна завр4шница Србија дојде до само гол негатива 26-25 разлика која ги води во следниот круг само ако Шпанија победи против Германија.
Во Осло, Чешка и Украина играа за почесни бодови, двете селекции пред последното коло испаднаа од трка за главна фаза, а во борба за третото место во група Ц подобри беа Чесите кои доминантно славеа победа од 38-29(17-14).



























