Покрај Македонија, трофеи освоија и Норвешка, Ангола, Финска…

Покрај „Трофеј Македонија“ низ Европа и низ светот се одиграа уште низа пријателски натпревари во рамките на женската ЕХФ недела.

Македонија со две победи и еден пораз го освои трофејот на домашниот турнир, додека на турнирот во чешкиот град Чеб, каде освен домаќинот, играа Хрватска, Турција и Норвешка, скандинавките беа најдобри со три убедливи победи.

Турнир се играше и во Ангола, таму исто така домашната селекција славеше победи над Конго, Литванија и Португалија и беше најдобра.

Двата домаќини на СП 2025, Германија и Холандија, одиграа пријателски натпревар, на кој бундес тимот беше подобар, додека двомеч играа Русија и Белорусија, а двете селекции си поделија по еден триумф.

Унгарките ја добија Шведска, Бразил беше подобар од Австрија, додека Данска убедливо го совлада Исланд. Франција и Шпанија славеа во двомечите со Романија и Словачка по два пати.

На кормилото на Србија дебитираше новиот шпански селектор, Хозе Игнасио Прадес, на двомеч со Полска, на кој двете селекции имаа по една победа.

На „Балтичкиот Куп“, најдобра беше селекцијата на Финска со две победи против Естонија и Литванија.

Пријателски натпревари, резултати:

Германија – Холандија 27-22
Белорусија – Русија 29-32

Романија – Франција 27-32
Белорусија – Русија 33-32
Романија – Франција 24-30
Литванија – Португалија 23-37
Ангола – Конго 26-22
Португалија – Конго 25-26
Литванија – Ангола 16-37
Конго – Литванија 26-21
Португалија – Ангола 30-31
Грција – Египет 25-22
Македонија – Тунис 34-27
Словачка – Шпанија 25-33
Чешка – Хрватска 26-25
Норвешка – Турција 42-10
Полска – Србија 30-26
Турција – Чешка 25-32
Норвешка – Хрватска 18-31
Чешка – Норвешка 15-37
Турција – Хрватска 29-36
Данска – Исланд 39-23
Словачка – Шпанија 21-31
Тунис – Грција 26-26
Македонија – Египет 18-19
Грција – Египет 25-22
Македонија – Тунис 34-27
Египет – Тунис 25-25
Финска – Естонија 25-23
Естонија – Литванија 30-27
Литванија – Финска 27-39
Унгарија – Шведска 34-32
Австрија – Бразил 26-33
Полска – Србија 25-28