Со триумфот над директниот конкурент Крим, 24-23, екипата на Подравка го обезбеди шестото место во групата Б и се пласира во осминафиналето на Лигата на шампионите. Гостинките можеа да ремизираат и да останат во трка по осмминафинале, но последниот шут на Мартинс го одбрани Бешен и победата остана во Копривница.
Во групата А, Ѓер иако загуби кај Есбјерг, кој за првпат во историјата славеше над унгарскиот гигант по 11 обиди, остана на првото место место, а во четвртфиналето му се приклучи и Мец. Есбјерг, Глорија Бистрица, Дебрецин се сигурни осминафиналисти, додека Сторхамар и Борусија Дортмунд во последното коло ќе решаваат кој оди понатаму
Во групата Б дури четири екипи се во трка по четвртфинале – Брест Бретањ, ЧСМ Букурешт, Оденсе и Ференцварош, а покрај Подравка сигурен осминафиналист е и данскиот Икаст.
Лига на шампиони, 13 коло, резулати:
група А
Есбјерг – Ѓер 33-28
Глорија Бистрица – Дебрецин 32-31
Будуќност – Сторхамар 22-26
Борусија Дортмунд – Мец 24-33
група Б
Брест Бретањ – Сола 36-25
Ференцварош – ЧСМ Букурешт 30-35
Икаст – Оденсе 30-33
Подравка – Крим 24-23
Во Лигата на Европа, Рапид Букурешт на Сара Ристовска, која го чека својот камбек на терените по повредата, се пласираше во четвртфиналето по триумфот во Норвешка кај Тертнес.
Локомотива Загреб на Андреа Седлоска загуби вторпат дома од Олденбург и ќе мора во последното коло да решава за местото во ТОП 8.
Во групата А, три екипи – Турингер, Мошонмаѓаровар и Баја Маре имаат по шест бода и се борат за две места во четвртфиналето, во групата Б работите се јасни – натаму продолжуваат унгарскиот Естергом и данскиот Никобинг, додека во групата Д четвртфиналисти се Виборг и Дижон.
Лига на Европа, 5 коло, резултати:
група А
Турингер – Мошонмаѓаровар 34-24
Баја Маре – Ларвик 28-31
група Б
Естергом – Никобинг 30-25
Шамбре – Бломберг 27-31
група Ц
Тертнес – Рапид Букурешт 28-30
Локомотива Загреб – Олденбург 28-29
група Д
Заглебје Лубин – Виборг 26-32
Дижон – Корона Брашов 26-30

























