Викендов се одиграа првите осминафинални натпревари од Лигата на шампионите и на сите четири победија гостинските екипи.
Двата дански тима, Есбјерг и Оденсе, лесно славеа кај Подравка и Дебрецин, па веќе можат да ги прават плановите за четвртфинале.
Ференцаварош предводен од Петра Симон со осум и Катрин Клујбер со шест гола се враќа со победа од Дортмунд, а Глорија Бистрица, за која Данила Со Делгадо даде 11 гола се врати по негатива од минус пет и славеше кај данскиот Икаст со минималец.
Лига на шампиони, жени, осминафинале:
Подравка – Есбјерг 26-37
Дебрецин – Оденсе 32-37
Борусија Дортмунд – Ференцварош 25-31
Икаст – Глорија Бистрица 34-35
28 март, 16:00, Ференцварош – Борусија Дортмунд
28 март, 18:00, Глорија Бистрица – Икаст
29 март, 14:00, Есбјерг – Подравка
29 март, 16:00, Оденсе – Дебрецин
Локомотива Загреб на Андреа Седлоска загуби дома од Дижон убедливо и практично веќе е елиминирана од Лигата на Европа, а сличен е случајот со Рапид Букурешт, за кој не настапи Сара Ристовска и кој загуби кај Виборг со девет гола разлика.
Лига на Европа, жени, четвртфинале:
Виборг – Рапид Букурешт 35-26
Мошонмаѓаровар – Естергом 25-36
Локомотива Загреб – Дижон 20-30
Никобинг – Турингер 27-31
28 март, 16:00, Рапид Букурешт – Виборг
28 март, 20:00, Дижон – Локомотива Загреб
29 март, 14:00, Естергом – Мошонмаѓаровар
29 март, 18:00, Турингер – Никобинг
Во ЕХФ Европскиот Куп се одиграа две средби, а се чини дека турската Бурса ја заврши работата уште на првиот меч против грчкиот ПАОК Солун. Во шпанскиот двобој Атлетико Гуардес беше подобар за еден гол од клубот што го елиминира Ѓорче Петров, Елче, па реваншот ќе биде многу интересен.
ЕХФ Европски Куп, жени, четвртфинале:
Гуардес – Елче 21-20
Бурса – ПАОК 36-30
27 март, 17:00, Венло – Јувента Михаловце
27 март, 19:00, Малага – Кинжварт
28 март, 17:30, ПАОК – Бурса
28 март, 19:00, Елче – Гуардес
29 март, 12:00, Кинжварт – Малага
29 март, 15:30, Јувента Михаловце – Венло

























