Тимот на Куманово во текот на вчерашниот ден означи старт на подготовките за вториот дел од натпреварувачката сезона 2023/24.
Раководството на клубот посакува подобри резултати до крајот на сезоната, па така беа ангажирани неколку квалитетни засилувања.
Во Куманово се врати Вучко Мрвовиќ, кој во минатата сезона беше меѓу најдобрите стрелци во Супер лигата, додека клубот ги ангажираше уште Наум Костов, Михајло Стевовиќ, Милош Благојевиќ и Алекса Радичевиќ.
Тренерот Љубиша Димковски во борбата за опстанок ќе има конкурентен тим, бидејќи во составот останаа и искусните Уча Гамзардија, Зоран Ѓурковиќ, Стефан Кимевски…
Од клубот единствено си замина младинскиот репрезентативец на Македонија, Јован Даневски, кој се пресели во Тиквеш.
Со подготовките за вториот дел од сезоната започна и новиот тренер на младинските категории на Куманово, Аце Станковски. Некогашниот македонски репрезентативец ќе работи заедно со Христијан Димковски и Синиша Арсовски.
Куманово во плеј-аут фазата за ривали ги има Вардар Неготино, Прилеп, Еурофарм Пелистер 2, Аеродром, Скопје, Голден Арт и Мулти Есенс.