Поддршката е неопходна: Бодрете ги македонските репрезентативки за само 100 денари!

Женската репрезентација на Македонија е пред клучните две битки од квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година во Романија, Словачка, Полска, Чешка и Турција.

Избраничките на Кристијан Грчевски ќе се соочат со Белгија – на 4 март во Хаселт, а на 7 март во Куманово.

Влезниците за овој дуел се веќе во продажба, а може да го купите по цена од 100 денари онлајн ТУКА.

За Македонија потоа ќе останат уште пресметките со Германија дома и Словенија на гостински терен, но претходно мора да бидат добиени двете средби со Белгија за да продолжи сонот за учество на ЕП.