Денеска во просториите на Ракометната федерација беа извлечени редните броеви на екипите што ќе разигруваат за опстанок во елитната конкуренција.
Плеј-аутот почнува претстојниот викенд, а ќе заврши на 30/31 мај, кога ќе биде крунисан и шампионот.
Тогаш ќе биде познато која екипа ќе ја напушти Супер лигата, а која ќе игра бараж за опстанок на 6 јуни.
Засега најзагрозени околу опстанок се Радовиш кој нема ниту еден бод, како и Струга и Куманово кои имаат само по седум бодови досега.


























