Викендов стартува новата сезона во пионерската машка ракометна лига за генерацијата ракометари родени 2010 и помлади. За овие талентирани момци ова е последна сезона во пионерска конкуренција – веќе следната година ќе настапуваат во кадетската лига.
Во сезоната ќе учествуваат 18 екипи поделени во две групи, а ждрепката донесе вистинска „група на смртта“ во А групата, каде се најдоа трите лански учесници на Ф4 – актуелниот шампион Охрид, вицешампионот Еурофарм Пелистер и третопласираниот Вардар. Нова екипа е тимот на Гемиџии од Велес кој ќе почне да функционира токму во младинските категории.
Сезонава е сменет системот на натпреварување, и има две групи. Во регуларниот дел ќе се игра по еднокружен систем, а првите четири тима од секоја група ќе обезбедат пласман во четвртфиналето. Есенскиот дел од сезоната треба да заврши во ноември, а продолжението е планирано за биде на крајот на февруари, односно почетокот на март 2026 година.
Борбата за место на завршниот турнир ќе се игра на 2/3 и 9/10 мај, а Ф4 ќе се одигра на 16 и 17 мај.
Група А, 1. коло
20.09. Пролет – Бутел Скопје (12 часот)
20.09. Струга – Вардар (15 часот )
20.09. Прилеп – Мулти Есенс (16)
21.09. Охрид – РШ Динг (11,30)
Еурофарм Пелистер слободен
Група Б – 1. коло
20.09. Радовиш – Тиквеш (11 часот)
21.09. Еурофарм Пелистер 2 – Младост Богданци (14,30)
21.09. Куманово – Гемиџии (16)
21.09. Македонија ЃП – Шампион (17,30)
Алкалоид слободен
Сезоната ветува возбудлива борба за пласман на Ф4, особено во А групата, каде шампионот, вицешампионот и бронзениот од ланскиот турнир повторно ќе ги одмерат силите – за некои од овие ракометари ова ќе биде и последна шанса да дојдат до трофеј во пионерска конкуренција.