Почнува Лигата на шампионите, Македонија без претставник во новата сезона

Денеска со натпреварите во Романија и Унгарија ќе започне новата сезона во женската Лига на шампиони.

Прв фаворит за круната останува европскиот првак Ѓер, додека се очекува во битката за Ф4 да се замешаат и францускиот Мец, данските Оденсе и Есбјерг, унгарскиот Ференцварош, романскиот ЧСМ Букурешт…

Македонија оваа сезона покрај тоа што нема тим во елитната конкуренција, нема да има ниту интернационалки.

Покрај дуелите од Лигата на шампионите, ќе се одиграат и реваншите од квалификациското коло во Лигата на Европа кај мажите, како и првите натпревари од првото коло во ЕХФ Европскиот Куп.

Лига на шампиони, 1 коло, распоред на натпревари:

група А
16:00 Глорија Бистрица – Сторхамар

група Б
16:00 Ференцварош – Оденсе
18:00 Брест Бретањ – Крим
18:00 Подравка – Сола

Лига на Европа, квалификациско коло, распоред на натпревари:

15:00 Стјарнан – Баја Маре
16:15 Савехоф – Малме
18:00 Брага – Бидасоа
18:00 Криенс – Горење 
18:00 Карлскрона – Хробри Глогов
18:00 Карвина – Партизан
19:00 Сесвете – Дуго Село
19:30 Торелавега – Елверум
19:30 Алкалоид – Хановер
20:30 Сен Рафаел – Морс

ЕХФ Европски Куп, 1 коло, распоред на натпревари:

18:00 Бејкоз – Балатонфуреди
18:00 Дуделанж – Бутел Скопје
18:00 Слога Добој – Гранитас Каунас
18:00 Вослауер – Мистра
19:00 Еш – Вогошча