Селекторот на машката репрезентација на Унгарија, Чема Родригез, го објави скратениот список пред Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
По репрезентативната пензија на Роланд Миклер, друштво на Палашич и Бартуч меѓу стативите ќе им прави Аријан Андо.
Мате Лекаи исто така ја заврши репрезентативната кариера, а Родригез реши да го повика средниот бек на Елверум, Петер Лукач.
Иако се врати на теренот и ја враќа формата, на списокот немаше место за десниот бек Доминик Мате. Деби повик има за младиот среден бек од Ла Риоха, Андреј Пергел.
Останатиот дел од тимот е веќе добро познат – со Банхиди, Сипос и Рошта на линијата од шест метри, а на крилата ќе биде Бока, Краковски, Родригез, Имре…
Родригез ќе одигра пријателски натпревар против Чешка пред ЕП, а на континенталниот собир ќе се соочи со Исланд, Италија и Полска.


























