Почна борбата за ЕП 2026, Македонија ќе ги дознае ривалите на 20 март

Со девет одиграни натпревари минатиот викенд се комплетираа претквалификациите за пласман на ЕП 2026.

Босна и Херцеговина, Литванија и Белгија со по две победи во своите групи, се трите селекции што обезбедија место во квалификациите за ЕП 2026, каде веќе се пласирани според рејтингот уште 21 репрезентација, меѓу кои Македонија.

Ждрепката за шесте квалификациските групи ќе се одржи во романскиот град Клуж на 20 март, по што селекторот Кристијан Грчевски ќе може да го прави планот за квалификациите што стартуваат во октомври оваа година.

На ЕП 2026 место досега обезбедија домаќините Романија, Полска, Чешка, Словачка и Турција, како и триото медалисти од ЕП 2024 – Норвешка, Данска и Унгарија. ЕП 2026 ќе се игра од 3 до 20 декември.

ЕП 2026, претквалификации, распоред:

група 1 (Босна и Херцеговина)
Естонија – Босна и Херцеговина 20-31
Босна и Херцеговина – Велика Британија 25-15
Велика Британија – Естонија 25-35

група 2 (Бугарија)
Литванија – Бугарија 27-23
Бугарија – Малта 37-14
Малта – Литванија 8-39

група 3 (Кипар)
Луксембург – Кипар 21-26
Кипар – Беглија 18-21
Белгија – Луксембург 33-23