Ервин Ланц, четвртиот претседател на ИХФ, кој беше на функцијата од 1984 година до 2000 година, почина на 94 години.
Роден во Виена во 1930 година, е поранешен ракометар на Фиверс Маргаретен, каде што беше и претседател.
Меѓу 1977 и 1995 година беше претседател и на Ракометната федерација на Австрија, а во меѓувреме беше избран и за прв човек на светската ракометна куќа.
Покрај ракометните функции, Ланц беше и Министер за транспорт, како и за внатрешни, односно за надворешни работи во Владата на Австрија меѓу 1973 и 1984 година.