Македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски вторпат во кариерата ќе настапува на меѓународна сцена.
Десниот бек потпиша дговор со германскиот второлигаш Десау и ги започна подготовките за новата сезона и веќе му се приклучи на новиот тим.
Јагуриновски беше дел од Металург, Вардар, Еурофарм Пелистер и Пролет во домашни рамки, а играше и за исландскиот Тор Акурејри.
Дебито за новиот клуб Јагуриновски ќе го има на 25 јули, кога Десау ќе игра пријателски меч со Лајпциг, а потоа следуваат Вецлар, Кобург, Потсдам…