Македонскиот првак Еурофарм Пелистер со минимална победа над белорускиот вицепрвак Мешков Брест ги стартуваше претсезонските натпревари.
Пелистерци славеа со минимални 30-29, откако и на паузата имаа водство од три гола разлика, 16-13.
Ова беше и победничко деби на клупата на битолчани за новиот стратег Рубен Гарабаја, кој го наследи Раул Алонсо.
Еурофарм Пелистер ќе биде дел од меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид од 19 до 23 август, како и од регионалниот турнир во Скопје, каде ќе има силни проверки.
Сезоната ќе стартува со Супер Куп мечот со Вардар на 3 септември, додека на 10 септември е пресметката со Загреб од Лигата на шампионите.