По тешката повреда – Симон Питлик се врати на терените

Германскиот гигант Фленсбург славеше победа над шампионот на Данска, Алборг, во пријателски натпревар одигран во Вецлар.

Главната вест за германскиот клуб од овој меч не е победата, туку враќањето на данскиот лев бек Симон Питлик, кој по пауза од шест месеци поради тешка повреда на предни вкрстени лигаменти повторно се појави на теренот.

Натпреварот донесе вистинска голеада со вкупно 79 погодоци. Првиот дел им припадна на бундеслигашот, кој замина на одмор со предност од 22-16.

Во второто полувреме Алборг успеа да ја намали разликата, но сепак Фленсбург ја задржа предноста и победи со 41-38.