За срамните сцени на ракометниот натпревар меѓу Раднички од Нов Белград и ОРК Белград, ракометната куќа на Србија изрече неколку казни.
Најпрво, ОРК Белград е казнет со 70.000 динара (околу 600 евра) поради конфликт со противничка ракометарка.
Раднички заработи поголема казна, 125.000 динара (околу 1000 евра) поради лоша организација.
Две ракометарки од ОРК Белград и Раднички заработија едномесечна суспензија и против сите четири се води дисциплинска постапка.
Едномесечна суспензија има за Милица Момчиловиќ и Ана Репановиќ од ОРК Белград, како и за Александра Васиќ и Теодора Мандиќ од Раднички.
За потсетување, една од ракометарките на домашниот тим во 42. минута направи груб прекршок и веднаш настана мешаница на теренот.
Најпрво играта продолжи, но неколку секунди подоцна, почнаа да летаат боксови на сите страни, се вклучија целите екипи, како и дел од присутните љубители на ракометот.
Тепачка на женски натпревар во Србија – летаа удари и боксови на сите страни (ВИДЕО)