По многуте натпревари одиграни во Скопје и двата во Битола против Полска и Словенија, женската репрезентација на Македонија ќе одигра натпревар во трет македонски град – Куманово.
Македонија против Белгија – ќе биде важен натпревар на патот кон ЕП 2026, кој нашите репрезентативки ќе мора да го добијат, а за тоа ќе им биде неопходна поддршка од навивачите.
Куманово своевремено беше чест домаќин на репрезентативни натпревари, особено кај дамите, а последен пат тоа се случи во 2006, кога во квалификациите за ЕП 2006 беше совладан Исланд.
Претходно во октомври, машката селекција одигра пријателски натпревар против Јапонија во Куманово.
Дамите досега имаат два порази од Германија и Словенија, но ги чекаат уште четири меча до крајот и со оглед на тоа што и четири од шесте третопласирани во групите ќе одат на ЕП 2026, имаат се уште убави шанси да обезбедат ново учество на континенталните собири.
Мечот меѓу Македонија и Белгија е закажан за 7 март со почеток од 17:00 часот во Куманово.
























