РФМ се повеќе внимание посветува на женскиот ракомет, а како дел од таа стратегија е враќањето на турнирот „Трофеј на Македонија“ што од утре до сабота ќе се одржи во Охрид.
По речиси две децении „Трофејот“ се враќа. Нашите ракометарки во октомври ги очекува двомеч со Германија и Словенија од квалификациите за ЕП 2026, а овој турнир ќе биде добредојден за одржување на формата, и подобро воигрување.
Репрезентацијата на Македонија е веќе во Охрид, каде од понеделникот тренираат, а денеска пристигнале и другите три репрезентации.
„Повторно го враќаме „Трофеј Македонија“, иако беше краток период и немаше многу време, ќе ни гостуваат репрезентации кои се стандардни репрезентации на СП. Сметаме дека ова е добра настан, и ќе придонесе за он ашто сакаме да го изградиме во женскиот ракомет. Нашата женска репрезентација веќе во Октомври ги почнува квалификациите за ЕП 2026, имаме двомеч со Германија и Словенија. Ова го користиме и да го почнеме и „ракометниот караван“ кој почнува исто така во Охрид, во салата во „Билјанини Извори“. Таму ќе бидат Индира Кастратовиќ, Филип Миркуловски и ќе има многу дечиња од Охрид и околните градови, со цел да се запознаат со ракометот. Потоа продолжуваме во октомври во ЕХФ неделата, во Битола и тој продолжува таму (18 и 19 октомври), дополнително ќе известиме за деталите и гостите на тој караван, вели Александар Стефанов, претседателот на РФМ.
Распоред на натпревари на Трофеј Македонија 2025
Четврток
18,15 Грција – Египет
20,30 Македонија – Тунис
Петок
18,15 Тунис – Грција
20,30 Македонија – Египет
Сабота
14 Египет – Тунис
16,30 Македонија – Грција