По разочарувањето на ЕП – три ракометарки се откажаа од репрезентацијата на Србија!

По разочарувачкото 21 место на Европското првенство во Унгарија, Австрија и Швајцарија, женската репрезентација на Србија остана без селектор.

Иако имаше активен договор, Урош Брегар доби отказ од РСС, а по ЕП 2024 три ракометарки од актуелниот ростер, одлучиле веќе да не настапуваат за репрезентацијата.

Станува збор за можеби најдобрите и најискусни ракометарки во составот на Србија – левото крило Сања Радосављевиќ, голманката Јована Рисовиќ и десниот бек Анѓела Јањушевиќ.

Тоа го откри Драгана Цвијиќ на гостувањето во поткастот „3,2,1“, која изрази желба да се врати во националниот тим по неколку години пауза, а најави дека ќе ја наговори и Лекиќ на истата одлука.

„Жал ми е поради тоа и тоа е голем проблем. Сигурна сум дека се уморни од се. Би сакала Сојузот да направи напори некако да ги задржи, да бидат тука за баражот за СП. Можеме да ја добиеме Словенија. Селекторот Драган Аџиќ извлече максимум од таа селекција. Иако многумина мислат дека Словенките се подобри од нас, само се подобро подготвени. Направија голем резултат на ЕП, ја поминаа групата. Можеме да ги добиеме и да се пласираме на СП, секогаш порано поквалитетни од нив“, истакна Цвијиќ.

Двомечот меѓу Словенија и Србија, ќе биде меѓу најинтересните во баражот за СП 2025 во Германија и Холандија.