По ПСЖ, Парондо пикиран уште од два гиганти!

Шпанскиот стратег Роберто Гарсија Парондо повторно е во центарот на вниманието на ракометниот трансфер пазар.

Тренерот кој му ја донесе втората европска титула на Вардар во Лигата на шампиони, е мета на неколку европски гиганти.

Најгласни се шпекулациите дека ПСЖ сериозно размислува да му ја довери клупата веќе од следната сезона, каде би дошол на местото на Стефан Мадсен.

Но, францускиот клуб не е единствен. Според германскиот „Билд“, во трката за потписот на Парондо се вклучени и двата унгарски великани, ПИК Сегед и Веспрем.

Во моментов Парондо е тренер на бундеслигашот Мелсунген, со кој има договор до 2027 година, додека Maдсен има ист таков договор со ПСЖ.

Тренерите на ПИК Сегед, односно Веспрем, Микаел Апелгрен и Чави Пасквал, имаат договори до 2028, но нивните резултати не се на посакуваното ниво, па може уште пред истекот на договорите да бидат сменети.