Нилс Кречмер, кој е обвинет за користење на допинг, доби отказ од неговиот клуб – германскиот второлигаш Гросвалштат.
Поранешниот германски првак и победникот во некогашниот Челинџ Куп ја објави разделбата со инфлуенсерот, ракометарот кој има најголем број следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.
Иако договорот му беше активен до 2027 година по трансферот од Дрезден ова лето и веднаш стана капитен, сепак по позитивниот допинг тест, Гросвалштат реши да му врачи отказ.
Раководството на Бундес лигата го суспендира Кречмер веднаш по позитивниот допинг тест, а допрва ќе биде позната за должината на суспензијата.
Сигурно ќе биде долга, па Кречмер ќе има доволно време да се посвети на своите видеа и фотографии на Инстаграм.