По осум сезони во Бутел – Бојан Блажески се сели во Охрид!

Покрај интернационалци, екипата на Охрид за следната сезона ангажира и домашни ракометари за кои смета дека ќе се вклопат во нивниот амбициозен проект, а едно од засилувањата е голманот Бојан Блажески. Тој досега беше член на Бутел, но реши да побара нов предизвик и место за докажување.

Препознатлив по својот стил на бранење, и „стегач“ на главата, беше еден од заштитните знаци на Бутел. Со своите пантерски одбрани и паради беше несовладлива пречка за многу играчи. Потекнува од школата на Металург каде настапуваше за вториот тим Металург 2 и за првиот тим, а има настапувано и за Борец од Велес.

Бил и кадетски и младински репрезентативец на Македонија, а целосната афирмација ја стекна во Бутел од 2017 година кога екипата е формирана, и трипати играше во европските купови со Бутел.

Охрид в година ќе има и повеќе од сериозен тим, а на голманската позиција ќе има тројца Македонци, покрај Блажески, тука се и Чаневски и Ѓорѓески.