Тимот на Порто имаше сезона за заборав, бидејќи не успеа да освои ниту еден домашен трофеј, а не се пласира ниту во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Раководството на португалскиот тим многу веројатно нема да му даде нова доверба на Карлос Резенде, и посакува да го врати Магнус Андерсон.
Шведскиот стратег седеше на клупата на Порто од 2018 година и под негово водство тимот имаше одлични резултати.
Од Порто заминаа Митревски, Плаза Хименез, Бранкињо, Ареја, Лесо, Магелаеш, Силва…а досега единствено потврдени засилувања се голманот Пјер од Трембле и левиот бек Гунарсон од Афтурелдинг.