Словенечкиот среден бек Марко Безјак по авантурата во хрватскиот Нексе Нашице и суспензијата во хрватскиот ракомет се врати во Бундес лигата.
Безјак е нов член на тимот на Ерланген, кој избегна испаѓање во понизок ранг минатата сезона и ќе игра во најсилната германска конкуренција.
Суспензијата на Безјак, која ќе трае 12 месеци, поради инцидентот со оттурнувањето на делегатот на мечот со Загреб, се однесува само на натпреварувањата под капата на хрватската федерација, па Словенецот ќе може без проблем да игра во Германија.
Безјак, кој во 2023 година ја освои титулата во Лигата на шампионите со Магдебург, во татковината беше дел од Јерусалем Ормож и Горење Велење, а од 2013 година беше член на Магдебург и таму остана цели десет години.