По Карачиќ, Загреб добива уште едно мега засилување!

По легендарниот Игор Карачиќ, хрватскиот првак Загреб е на добар пат да донесе уште едно звучно име.

Според пишувањата на германскиот „Билд“, најдобриот грузиски репрезентативец, Гиорги Сковребадзе ги договорил деталите со Загреб и се очекува само промоција.

Тој по две сезони заминува од бундеслигашот Гумерсбах и се поврзуваше со Слован Љубљана и Бенфика, но се чини дека од тие трансфери нема ништо.

Загреб на десната бековска позиција го има само Лука Ловре Кларица, па со доаѓањето на Сковребадзе, тренерот Николиќ ќе има повеќе опции.

Хрватскиот првак е во иста група со македонскиот Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите.