Словенецот Марко Безјак ќе може да се врати на терените и настапите за бундеслигашот Ерланген и покрај двојната суспензија.
Покрај суспензијата од Хрватскиот Ракометен Сојуз до април 2025 година, сега на таа суспензија се придружи и Европскта Ракометна федерација.
Тоа значи дека Марко Безјак нема право да настапува ниту на клупско, ниту на репрезентативно ниво до април 2025 година, но само на натпревари под капата на ЕХФ, додека може да игра во Бундес лигата.
Безјак лани летоска се врати на Балканот, потпиша за Нексе, но на еден дуел против Загреб, словенечкиот среден бек по мешаницата на теренот, го оттурна делегатот, ХРС видоа намера во тој обид и го суспендираа на една година.
ХРС донесе одлука: Брутална казна за Безјак, суспензии и за Вујовиќ, Велкаврх…