Македонскиот вицепрвак Вардар во новата сезона нема да смета на десниот бек Марек Марчињак, кој ќе се врати во татковината.
Според информациите на „ТВП Спорт“, Марчињак има две понуди за продолжување на кариерата – Калиш или Сласк Вроцлав.
Тој дојде минатото лето од Азоти Пулави во Вардар, но не се наметна и има мала минутажа бидејќи на десната бековска позиција доминира Урош Митровиќ.
Претходно стана јасно дека левиот бек Дммитро Горига ќе го замени дресот на Вардар со оној на ПИК Сегед, а од „црвено-црниот“ тим ќе си заминат уште најмалку двајца странци.
Досега во Вардар дојдоа Да Силва и Воркапиќ, на лето ќе дојдат Поповски, Бомаштар и Љевар, се очекува и Тасиќ, а допрва клубот треба да потврди уште неколку нови имиња.
























