По голманот Јанко Гемаљевиќ, кој минатата сезона бранеше во Тиквеш, а летово се пресели во Раднички Крагујевац, уште еден екс член на кавадаречкиот тим потпиша за српскиот тим.
Станува збор за левиот и среден бек Душан Медиќ, кој пред четири сезони играше за Тиквеш кога тренер беше Томе Петрески.
Искусниот организатор на играта се обврза на едногодишен договор со Раднички Крагујевац, каде игра и некогашниот член на Скопје, Струга, Прилеп и Јуниор КВ – Жарко Бајрактаревиќ.
Медиќ потекнува од Апатин, играше за Металопластика, унгарскиот Шазаламбати, Спартак Суботица, а по заминувањето од Кавадарци беше дел од францускиот Поатје, турската Сакарија пред да се врати во Србија, каде ги бранеше боите на Врање и Гоч Врњачка Бања.