Македонскиот интернационалец Бобан Петров, по една сезона мината во младинскиот тим на Кил, ќе има нов предизвик во кариерата.
20-годишниот велешанец, кој првите чекори ги направи во школата на Велес 2009, ќе игра за тимот на Котбус, во Третата Бундес лига.
Средниот бек во Германија игра од 2017 година, најпрво во Хојерсверда, потоа во Котбус во младинските лиги, па ова за него е камбек во позната средина.
Искуството на Петров од тимот на „зебрите“ сигурно ќе му биде од голема корист во натамошната кариера.