По две години пост некогашниот првак Борец освои бод!

Ракометарите на Борец по двегодишна пауза конечно освоија бод во прволигашката конкуренција.

Некогашниот шампион на Македонија во натпревар од плеј-аут фазата од Првата лига на свој терен одигра реми против Преспа Вардар, 37:37 (15:20).

Велешани имаа напад и за победа, но домаќините во последната акција не успеаја да дојдат до реализација.

Шутерски расположен кај домаќините беше Јован Атанасовски, кој даде 20 гола, додека кај гостите од Ресен се истакна Александар Филиповски со 13 реализации.

Борец во сезона 2021/22, односно на 17 мај 2022, во плеј-аут фазата од прволигашката конкуренција триумфираше над Кичево со 57:44.

Тоа беше последен пат кога екс шампионот на Македонија се радуваше на освоени бодови, односно победа.