Селекторот на Словенија, Урош Зорман, остана без услугите на Алекс Влах за Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
Сепак Словенците ќе добијат големо засилување во името на Борут Мачковшек, кој претходно откажа поради замор, но вети дека ќе помогне ако има потреба.
Сега Зорман побара помош од Мачковшек и тој ќе се приклучи на националниот тим пред заминувањето на турнирот во Франција, каде Словенците ќе ги имаат двата последни тестови пред ЕП.
Претходно поради различни причини откажаа Митја Јанц, Јака Малус, Блаж Благотиншек, Тадеј Кљун, Матиц Грошељ, Миха Зарабец, Нејц Цехте…а проблеми со повреди имаат и Ник Хенигман, Домен Новак, Сташ Слатинек Јовичиќ и Матиц Сухолежник, но тие ќе бидат спремни за ЕП
Словенија е во група со Швајцарија, Црна Гора и Фарски Острови.


























