По доаѓањето на Алонсо во Битола: СЕДУМ екипи од Лигата на шампионите имаат шпански тренери!

Откако Раул Алонсо го замени Бранко Ангеловски на клупата на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, се зголеми доминацијата на шпанските стратези во Лигата на шампионите.

Сега дури седум екипи, односно скоро половина од 16 екипи во елитната конкуренција на клупата имаат шпански стратези.

Покрај Раул Алонсо во Еурофарм Пелистер, тука се Талант Душебаев (Келце), Хавиер Сабате (Полска), Давид Дејвис (Динамо Букурешт), Чави Пасквал (Веспрем), Антонио Ортега (Барселона) и Раул Гонзалес (ПСЖ).

Шпанските тренери освоија дури 12 од последните 20 изданија на Лигата на шампионите, па јасно е зошто се уште се „во мода“.

Во најелитното европско клупско натпреваруање има и четворица скандинавски тренери, но сите од различни земји – Микаел Апелгрен од Шведска (ПИК Сегед), Кристијан Берге од Норвешка (Колстад), Симон Дал од Данска (Алборг) и Гудмундур Гудмундсон од Исланд (Фредериција), има и двајца Германци – Бенет Вигерт (Магдебург) и Јарон Сиферт (Фуксе Берлин), додека сите други земји имаат по еден претставник.

Србинот Велимир Петковиќ е на клупата на Загреб, Португалецот Рикардо Кошта го води Спортинг Лисабон, додека Французинот Грегори Кожан е предводник на Нант.