Машката репрезентација на Македонија од вчера попладне е во Берлин, а од денеска ќе се подготвува за вториот предизвик на Европското првенство.
Избраниците на Кире Лазаров на првата средба загубија од олимпискиот првак Франција со десет гола разлика, 39-29.
Иако беше планиран тренинг и за вчера според распоредот, сепак селекторот им даде слободно попладне на ракометарите, бидејќи се патуваше од Диселдорф до Берлин.
Домаќинот Германија забележа убедлив триумф во првата рунда против селекцијата на Швајцарија со 27-14.
Македонските репрезентативци имаат два дена да се подготват што подобро за големиот предизвик и натпреварот против Германија во „Мерцедес Бенц Арената“ в недела од 20:30 часот.