По банкротот на Кристијансанд: Лунде има нов клуб

Норвешката легендарна голманка, Катрине Лунде, во продолжение од сезоната ќе ги брани боите на данскиот Оденсе.

Tаа потпиша договор со клубот каде што тренер е норвешкиот селектор Оле Густав Гјекстад.

Оденсе бараше замена за повредената Алтеа Рајнхарт, па Лунде ќе брани во тандем со холандската репрезентативка Јара Тен Холте.

Новиот клуб на Лунде е лидер на табелата во Данска, а во Лигата на шампионите обезбеди место во осминафиналето.

Лунде покрај Вајперс Кристијансанд, бранеше и за Алборг, Виборг, Ростов Дон и Ѓер, пред да се врати во 2017 година во татковината и во матичниот клуб, каде беше до банкротот во јануари годинава.