По Алекс, и Даниел Душебаев се сели во Бундес лигата – потпиша за Мелсунген!

Откако неговиот брат Алекс Душебаев стави потпис на договорот со бундеслигашот Гумерсбах, сега и Даниел Душебаев го официјализираше трансферот во Германија.

Тој потпиша договор со Мелсунген на три сезони и ќе остане во овој клуб најмалку до 2029 година.

Потписот на Душебаев значи дека Мелсунген нема да ги продолжи договорите со Владислав Кулеш и Александре Калваканти.

Даниел потекнува од Сиудад Реал, беше дел и од вториот тим на Барса, пред во 2017 да се пресели во полскиот Келце, а една сезона мина на позајмица во Целје.

Сега отвора нова страница во кариерата, без неговиот татко и брат, со кои беше заедно цела деценија.