По 70 минути борба – Порто и Митревски преку Бенфика и Талески до Ф4 во Купот!

Тимот на Порто, каде што брани македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски се пласираше на завршниот турнир во Купот на Португалија.

Порто славеше на гостувањето кај Бенфика на Филип Талески со 39-37 по две продолженија во четвртфиналниот дуел кој во регуларниот дел заврши 32-32.

Митревски беше меѓу најдобрите поединци во гостинскиот тим и успеа да одбрани 14 удари на ривалите, додека Талески исто така одигра одличен натпревар и постигна шест погодоци.

На паузата Порто водеше со 17-14, но домашниот тим во вториот дел успеа да се врати во егал, но не и да го направи завршниот чекор кон пресврт.

Покрај Порто, на завршниот турнир во Купот на Португалија ќе играат Белененсес и Повоа, како и победникот од дуелот меѓу Спортинг Лисабон и Мадеира. Веќе следниот викенд во плеј-офот ќе има нов македонски дуел во Португалија меѓу Митревски и Талески.