По 454 гола и 146 меча – „ракометниот Меси“ се збогува со репрезентацијата на Аргентина!

Средниот бек Диего Симоне го одигра последниот натпревар во репрезентацијата на Аргентина и се збогува од навивачите на домашен терен.

Тој стави крај на 15-годишната кариера во националниот дрес на „гаучосите“ за кои постигна 454 погодоци на 146 натпревари.

Освои четири злата на Пан-Американските првенства (2010, 2012, 2014, 2020), три на Пан-Американските игри (2011, 2019, 2023), три пати играше на ОИ (2012, 2020, 2024) и беше дел од историскиот пласман на Аргентина на 11 место на СП 2021 во Египет.

Последните натпревари во дресот на Аргентина, Симоне ги одигра на турнирот „Четири нации“ во Буенос Аирес против Бразил, Мексико и Чиле.

На клупско ниво, Симоне ќе продолжи да го носи дресот на францускиот Монпелје со кој има активен договор до летото 2026 година.