По 42 години – во една од најсилните лиги ќе се игра плеј-оф за титула!

Oд наредната сезона, победникот на машкиот шампионат во Франција ќе се одреди преку плеј-оф.

По 42 години играње на регуларен дел, во кој најчесто играа 16 екипи и по 30 кола беше познат шампионат.

Следната сезона по 30 кола, ќе се игра полуфинале на плеј-оф (дома-гости) по принципот 1-4 и 2-3, а победниците ќе играат само еден финален натпревар на неутрален терен.

Екипите од 5 до 8 место ќе разигруваат исто така по принципот 5-8 и 6-7, дома и на гости, а победниците ќе имаат уште две средби дома и на гости за последното место што ќе води во Лигата на Европа.