По 4 години: Се разделија Симе Симовски и ЖРК Ѓорче Петров

ЖРК Ѓорче Петров и тренерот Симе Симовски ја прекинаа соработката по речиси четиригодишна соработка во која клубот ги постигна најголемите резултати на домашна и меѓународна сцена. Симовски не беше на последниот меч на клупата поради семејни причини, но за 24ракомет, извори блиски на клубот и на тренерот ни потврдија дека во иднина тој повеќе нема да седи на клупата.

Симовски дојде во Ѓорче Петров во декември 2021 година и зад себе остави серија трофеи и континуитет на резултати во домашните натпреварувања. Под водство на Симовски, „лавиците“ испишаа доминантен период во македонскиот женски ракомет: Четири последователни титули шампион: 2021/22, 2022/23, 2023/24 и 2024/25, и уште двапати го освоија трофејот во Купот на Македонија: 2023/24 и 2024/25.

На меѓународната сцена, Ѓорче Петров најдобриот пласман во „ерата Симовски“ е четвртфиналето во ЕХФ Европскиот куп 2023/24. Претходната сезона (2022/23) тимот застана во осминафинале, додека во 2024/25 беше елиминиран во квалификации за ЕХФ Лига Европа. Но, сезонава скопјани беа елиминирани во 3. рунда од ЕХФ Европскиот куп по двомеч со шпанскиот Елче, што се одигра во Скопје минатиот викенд.

Во домашното првенство сезонава, Ѓорче Петров остана во борба за врвот и ги одржува амбициите за висок пласман и во првенството и во Купот. Но, не тргна според посакуваното бидејќи загубија од Чаир и плус играа нерешено со Металург Автокоманда. Одиграни се 8 кола досега, но потоа ќе се разигрува за титулата. Има уште доста за играње, и шансите за одбрана на двојната круна се реални.