На денешниот меч од Бундес лигата против Хановер, заврши серијата долга 30 натпревари без пораз на европскиот шампион Магдебург во сите натпреварувања.
Избраниците на Бенет Вигерт загубија со 28-27 кај незгодниот Хановер, а тој ќе може да се избричи по долго време.
Иако на полувреме имаше четири погодоци предност, 18-14, сепак слабото издание и самото деветте постигнати гола во вториот дел беа причина за поразот на Магдебург.
Вигерт има суеверие да не ја бричи брадата додека неговиот тим победува, но и на таа серија и дојде крајот.